Во Бразил регистрирани четврт милион починати од коронавирус

пред 3 години

Бразил пријави 1.541 смртен случај од коронавирус во последните 24 часа, што е втор најголем дневен биланс на жртви откако оваа земја ја погоди пандемија пред една година, а вкупниот број на починатија ја надмина бројката од 250.000.

Бразилското Министерство за здравство објави 65.998 нови случаи на коронавирус забележани во четвртокот, така што оваа јужноамериканска земја досега има 10,4 милиони заразени, рангирајќи се на трето место зад САД и Индија, додека е втора според бројот на смртни случаи.

„Бразил се соочува со нова фаза на пандемија со три пати позаразни верзии на вирусот“, изјави министерот за здравство Едуардо Пазуело.

Тој рече дека Бразил обезбедил 13,5 милиони вакцини и дека владата планира да вакцинира половина од 210 милиони жители на земјата до средината на годинава.

Претседателот Жаир Болсонаро, екстремно десничарски популист, кој се спротивстави на мерките и рече дека нема да прими никаква вакцина против Ковид-19, е критикуван поради неговиот одговор на пандемијата и бавното воведување на вакцината.

 

 

Share
Scroll to Top