Уапсен жител на Џепчиште за издржување на затворска казна поради нелегално оружје

пред 4 години

Утрово околу 09.30 часот, припадници на тетовската полиција, врз основа на судска наредба, го привеле Л.А.(34) од тетовското село Џепчиште, за издржување на казна затвор од две години, за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Тој бил предаден во тетовскиот затвор за издржување на казната.

Share
Scroll to Top