Од СДСМ преку соопштение информираат дека изминатите недели Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ често биле во хотелот Мериот.
„Белиот дворец е во паника по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“, бидејќи Мицкоски не успеа да го спаси и заштити криминалот на режимот. Правдата е тука, законите важат за сите подеднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните. Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Според нив, на граѓаните останува да проценат зошто партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ се организираат токму во Мериот и дали тоа можеби е поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијалков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат од партијата на власт.
Додаваат дека, Мицкоски е најповикан да одговори дали се среќавал и со Сашо Мијалков, и според нив, правдата и силната реакција на институциите го спречиле сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков.