Брена се прости од загребскиот градоначалник Бандиќ

Брена се прости од загребскиот градоначалник Бандиќ

пред 4 години

Пејачката Лепа Брена се прости од градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, кој во саботата почина од срцев удар. Таа објави нивна заедничка фотографија и напиша дека ѝ било огромна чест и задоволство што се познавале и се дружеле заедно.

„Вие бевте единствени и ја поседувавте таа величина. Секогаш учевме многу од вас. За жал, поминаа само неколку часа од нашето последно дружење и од твојот говор што засекогаш ќе го паметиме за пријателството, љубовта, почитта и семејството. Почивај во мир, нека ти е вечна слава. Брена и Боб“, напиша Брена.

Погребот на Бандиќ ќе се одржи в среда.

Share
Scroll to Top