Лавров: Ковид-пасошите во ЕУ се спротивни на доброволната вакцинација

пред 4 години

Воведувањето ковид-пасоши на територијата на Европската Унија би било спротивно на принципот на доброволна вакцинација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Излезе дека оваа идеја е спротивна на правилата на демократијата, бидејќи во земјите на Европската Унија постои одлука дека вакцинацијата е доброволна. Ако се воведе ковид-пасош, тоа ќе биде во спротивност со принципот на доброволност. Тоа значи дека луѓето ќе бидат натерани на сила, се разбира ако луѓето сакаат да патуваат, а во Европа, без движење меѓу земјите членки на ЕУ, населението тешко може да си ги замисли своите животи“, рече Лавров.

Тој додаде дека одлуките на Европската Унија во врска со можното воведување на ковид-пасоши не треба да ги дискриминираат граѓаните на Русија, пренесува „Спутник“.

„Сè уште не можам да кажам ништо за тоа како ова ќе влијае на можностите на руските граѓани. Треба да почекаме за конечно решавање на ова прашање. Ги информиравме нашите колеги од Европската Унија дека сметаме на донесување одлуки кои нема да ги дискриминираат руските граѓани”, рече Лавров на новинарско прашање да ја коментира идејата на Европската Унија за воведување на ковид-пасоши во Европа.

Според него, ќе биде можно да се каже нешто поконкретно кога оваа идеја ќе добие барем некои прелиминарни конкретни карактеристики.

 

Share
Scroll to Top