Кошаркарскиот клуб Химки се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Играчите три месеци не примиле плати, а долгот изнесува 3,3 милиони евра.
Химки има само три победи сезонава во Евролигата, а на тимот не му оди ниту во регионалната ВТБ лига.
Играчите три месеци не примиле плати, поради што Јонас Јеребко, Грег Монро и Даирис Бертранс веќе го напуштија клубот, Стефан Јовиќ и Девин Букер побарале да ги раскинат договорите, а се очекува дека тимот ќе го напуштат и Џордан Мики, Ерик Мекалум и Јанис Тима.
Извесно е дека клубот сезоната ќе ја заврши само со домашни играчи.
Проради неисплатените плати, Евролигата пред еден месец на Химки му забрани трансфери.