Приведени се три лица кои синоќа во Градскиот парк во Скопје биле фатени како продаваат марихуана. При извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17 годишен малолетник сите од Скопје пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.