Јоаким Лев пред два дена објави дека по ЕУРО 2020 ќе го напушти кормилото на германската репрезентација. Денес, Германците објавија дека за континенталниот шампионат, селекторот во репрезентацијата ќе ги врати Матс Хумелс и Томас Милер.
Хумелс, Милер и Џером Ботатенг, последен пат за репрезентацијата настапија пред две години. Со образложение дека ќе работи на целосно подмладување на репрезентацијата, Лев реши овие тројца повеќе да не ги повикува во националниот тим.
Лев сака со добра резултат да се раздели до репрезентацијата, поради што и решил да ги врати искусните играчи. Милер и Хумалес, заедно со Боатенг беа дел од тимот кој стана светски првак во 2014 година, во Бразил.
Засега не е познато дали Милер и Хумелс ќе бидат повикани за квалификациските натпревари што ќе ги одигра Германија во последната недела од овој месец.
Во овој циклус, Германија ќе ја пречека Македонија, во Дуизбург на 31.март.