Протести во над 40 градови во Австралија против сексуалното насилство

пред 4 години

Десетици илјади лица во Австралија протестираа против сексуалното насилство и злоупотреба на жени, во екот на нови обвинувања за сексуални престапи во австралискиот парламент.

Протестите беа организирани откако минатата недела беше откриено дека државниот обвинител Кристијан Портер е осомничен за силување, нешто што тој го негираше, објавуваат медиумите во таа земја.

Бесот на јавноста беше предизвикан од тврдењето на поранешниот политички советник во австралиската влада, Бретани Хигинс, дека во 2019 година била силувана во кабинет на министер.

„Страшно е што сексуалното насилство врз жените е прифатено во нашето општество. Медиумите се интересираа за мојот случај како тажен потсетник дека насилството врз жените е можно насекаде, ако е можно во парламентот“, им рече Хигинс на демонстрантите.

Протести против сексуалното насилство врз жените се одржаа во 40 градови во Австралија.

Share
Scroll to Top