Принцот Филип пуштен од болница

Принцот Филип пуштен од болница

пред 4 години

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, по еден месец денес излезе од болница. Изминатиот период тој беше под надзор на медицинскиот персонал, објави „Би-би-си“.

Војводата од Единбург (99) беше хоспитализиран во болницата „Крал Едвард VII“ поради здравствени проблеми. Подоцна беше префрлен во лондонската болница „Свети Вартоломеј“, поради проблеми со срцето. Таму му беше извршена и операција.

Принцот Филип мина 28 денови во болница и тоа е најдолгиот негов престој, а, од кралското семејство засега не ги откриваат причините за неговата нарушена здравствена состојба. Од Бакингемската палата само соопштија дека неговата хоспитализација не е поврзана со коронавирусот, пренесува „Би-Би- Си“.

Share
Scroll to Top