Скопјанец затекнат на улица за време на полициски час со марихуана

пред 5 години

Скопјанец ја прекршил забраната за движење и бил затекнат на улица со марихуана.

Настанот се случил синоќа во 23 часот на улицата Цветан Димов“ во Скопје.

„Приведен е С.Ф.(23) од Скопје затоа што бил затекнат надвор од домот за време на забрана за движење и при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top