Холивудската глумица Кетрин Хигл (42) вели дека сега е робот, откако имаше тешка операција на вратот и лекарите ѝ ставија две титаниумски плочки. Таа не откри што се случило, но неколку дена пред операцијата на социјалните мрежи откри дека чувствува огромна најнепријатна болка и дека никогаш претходно не ѝ било толку лошо.
По операцијата, актерката сподели фотографии на Инстаграм од закрепнувањето.
„Па, сега сум робот! Два титаниумски диска сега ми живеат во вратот и веројатно ќе можам да стојам на главата со часови. Сѐ уште нема да го пробам тоа, но дајте ми неколку месеци и ќе видите“, напиша таа.
Хигл, која се прослави со улогата на доктор Изи во серијата „Вовед во анатомија“ им се заблагодари на лекарите што реагирале брзо и ѝ помогнале во најтешките денови.