Панда во Зоолошка во Јапонија роди близнаци

Панда во Зоолошка во Јапонија роди близнаци

пред 3 години

Џиновска панда Шин Шин, која живее во Зоолошката градина во Токио, роди близнаци, пренесува „Би-би-си“. Директорот на Зоолошката градина Јутак Фукада рече дека ова е првпат да бидат родени близнаци панди на ова место.

Засега полот на бебињата панди не е објавен. Џиновските панди се многу тешки да се одгледуваат, било да станува збор за дивината или во Зоолошките градини. Досега има само неколку илјади во светот и тие се ставени на листата на загрозени видови.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top