(Видео) Судири на протест против мерките во Германија, полицијата употреби солзавец

пред 4 години

Демонстрантите во германскиот град Касел денеска се судрија со полицијата за време на протест против епидемиолошките мерки, а полицијата реагираше со употреба на солзавец и палки за да спречи насобраните да ги пробијат полициските кордони.

Околу 7.000 луѓе учествуваа на протестите во Касел, а покрај судирите со полицијата, имаше и неколку судири со контра-демонстрантите, јави германската новинска агенција ДПА.

Неколку групи, од кои повеќето екстремно десничарски противници на владините политики за борбата против пандемијата, повикаа на протести низ целата земја.

Во меѓувреме, околу 300 граѓани се собраа во близина на булеварот Унтер ден Линден во Берлин, за да протестираат против екстремната десница.

Полицијата интервенирала кога екстремните десничари се обиделе да нападнат фоторепортери.

Share
Scroll to Top