Младата пејачка Марија Груевска во последната емисија во „Ѕвездите на Гранд“, ги воодушеви сите со своето пеење и стајлинг. Таа во студиото настапи со песната од Тоше Проески „Кој ти гризе образи“, а испеа и една песна од Јелена Карлеуша во џез верзија.
„Се е така поинаку, така инспиративно и ново, заслушуваш да бидеш на оваа сцена. Браво Марија“, биле коментарите на Карлеуша.
Таа на сцената се појави во златна креација на модниот дизајнер Златко Јовановски и со посебни детали на главата.
„Јас во животот никогаш не сум видела ваква висока мода. Ова се вика висока мода. Секоја чест за Златко, ова е нешто несекојдневно на сцената. Изгледаш како принцеза“, изјавила Карлеуша.
Марија доби шест гласови, како и кандидатот со кого беше во дуел, а по прегласувањето имаа по трги гласа, по што продукцијата донесе одлука Груевска да оди директно во следниот круг.