Одлични се резултатите од големото американско истражување на „Астразенека“

пред 4 години

Објавени се долгоочекуваните резултати од американското клиничко испитување на „Астразенека“.

Резултатите од големото американско клиничко испитување покажуваат дека вакцината е безбедна и високо ефикасна.

Повеќе од 32 000 испитаници учествуваа во истражувањето, претежно од САД и делумно од Чиле и Перу.

Истражувањето докажува дека вакцината од „Астразенека“ е 79% ефикасна против симптоматска инфекција со Ковид-19. Но, она што е уште поважно, велат експертите, вакцината е 100% ефикасна во спречување на тешки форми на болеста.

Студијата не открила проблеми со згрутчување на крвта.

Имено, сомнежите во врска со поврзаноста помеѓу вакцината од „Астразенека“ и несаканите ефекти од формирањето на тромб беа причината зошто употребата на вакцината беше привремено прекината во околу 20 земји, од кои повеќе од 10 беа во Европа.

Околу една петтина од испитаниците во американското истражување биле постари од 65 години. Тие примиле две дози од вакцината на „Астразенека“ со разлика од четири недели и се покажало дека нивото на заштита што го добиле е исто како и кај помладите возрасни групи.

Share
Scroll to Top