Финансиска едукација од Кроациа осигурување на Глобалната недела на парите

пред 4 години

Кроациа осигурување ќе ја поддржи кампањата „Глобална недела на парите” со бројни едукативни активности. Како финансиско друштво, Кроациа осигурување ја истакнува потребата од зголемување на финансиската писменост и едукација за менаџирање со парите и се приклучува на целите на глобалната кампања за подигање на свеста за важноста младите да се финансиски едуцирани, да стекнуваат знаења и вештини неопходни за донесување добри финансиски одлуки, во која насока е и годинешната тема на глобалната иницијатива „Грижи се за себе, грижи се за своите пари”.

Онлајн предавањата за финансиска едукација во форма на отворен вебинар ќе го спроведат стручни лица од Кроациа осигурување, Славко Саздовски Менаџер за Кроациа Академија живот и Лидија Андонова – Едукатор во Кроација академија Неживот.

Едукацијата на студентите од БАС на тема „Животното осигурување како финансиски инструмент” преку Zoom платформата ќе се одржи на 24ти март, среда, а следниот ден, на 25ти март, четврток со почеток во 12 часот за сите заинтересирани идни осигуреници ќе се одржи онлајн предавањето на тема „Доброволно приватно здравствено осигурување и детско штедно осигурување”.

Дополнително, Кроациа осигурување во текот на целата седмица ќе овозможи отворени денови за информации за осигурувањето, бесплатни пресметки за животно осигурување како и совети за ефективно менаџирање со парите. Сите заинтересирани граѓани ќе може да се јават на бесплатниот број 15-510 секој работен ден од 22ри до 26ти март од 14.00 до 16.00 часот и да ги добијат саканите информации.

(ПР текст)

Share
Scroll to Top