Осум деца загинаа во сообраќајна несреќа во Иран

пред 4 години

Најмалку 14 лица загинаа, од кои осум деца, во сообраќајна несреќа во северен Иран, објавија локалните медиуми.

Нема информации за причината за несреќата во која учествувале три автомобили.

Загинаа две девојчиња и шест момчиња на возраст од три до осум години. А повредени се  единаесет лица.

И покрај предупредувањата од здравствените власти за епидемијата на коронавирус, многу Иранци патуваа во последните денови за да ја прослават Норуз, персиската Нова година.

Иран има најмногу заразени лица во регионот – 1,8 милион, а како резултат на инфекцијата починале 61.951 лице.

Share
Scroll to Top