Шпанија ја укина забраната за патување во Велика Британија

пред 4 години

Шпанските власти ја укинаа забраната за патување во Велика Британија, која беше воведена поради појавата на мутираната форма на коронавирус во таа земја, информираат шпанските медиуми.

Владиниот портпарол и министер за финансии Марија Хесус Монтеро истакна дека забраната, која важеше повеќе од еден месец, е укината и дека од денес се дозволени патувања со авион и преку море.

Монтеро рече дека патниците кои пристигнуваат од Велика Британија ќе треба да направат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа пред патувањето.

Владата донесе одлука забраната за патување за Бразил и Јужна Африка да остане во сила до 13 април.

Share
Scroll to Top