Тешко повреден 20-годишен пешак во Центар

пред 4 години

Дваесетгодишен пешак е тешко повреден откако во него удрил автомобил во центарот на Скопје.

Според информациите на МВР, вчеравечер во 20.30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„ВМРО“ и ул.„Максим Горки“ патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(27) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(20) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top