Вкусен чоколаден посен десерт, здрави чоколадирани бомбици со овесни снегулки, кикирики и бадеми, без печење со одличен вкус.
Состојки:
- 2 шолји ситни овесни снегулки;
- 1 шолја путер од кикирики;
- 1/2 шолја мед;
- 1/2 шолја брусница;
- 1/2 шолја бадеми;
- 2 шолји мелен лен;
- 1/2 шолја ситно сецкана темна чоколада

Подготовка:
Се сецкаат бадемите и чоколадото, се додаваат снегулките, ленот, путерот од кикирики и медот. На крајот се додава брусницаа и лесно и кратко се мати. Бомбиците се обликуваат како топчиња и се ставаат во фрижидер околу половина час, за да се зацврстат.




