Фудбалерите на Вулверхемптон минимално го совладаа Шефилд јунајтед во 32.коло. Голот на Вилија Жозе во 60.минута го промовираше Шефилд јунајтед во нов член на Чемшионшип дивизијата.
„Волците“, се мачеа со „фенерџијата“, а отпорот на противникот го скрши Вилијан Жозе, кој го постигна својот прв гол во дресот на Вулверхемптон.
Шефилд јунајтед со овој пораз останаа и без теоретски шанси да изборат опстанок. На шест кола до крајот имаа 14 бодови, 19 помалку од тимовите кои се во безбедната зона.
Инаку, во денот кога Шефилд јунајтед испаднаа, теоретски пласман во Премиер лигата изборија фудбалерите на Норич.