Бесплатни ковид тестови за туристи кои ќе престојуваат во државата

пред 4 години

Со мерката 7 од шестиот антиковид пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид тестови за странски туристи кои ќе престојуваат во државата.

Станува збор за 50.000 тестови вредни 30.750.000 денари за бесплатно тестирање на странски туристи со цел да ги запазат здравствените протоколи во државата како гаранција за туристите кои ќе ја посетат нашата држава дека без дополнителни трошоци ќе бидат спремни да се вратат во земјата од каде доаѓаат или да го продолжат своето патување во друга земја.

Share
Scroll to Top