Србин, Хрват, Босанец и Црногорец одбраа актуелен екс-ЈУ дрим тим!

Србин, Хрват, Босанец и Црногорец одбраа актуелен екс-ЈУ дрим тим!

пред 4 години

Кошаркарската репрезентација која би ја сочинувале играчи од екс-ЈУ просторите би била јака и би ги срушила НБА ѕвездите. Ова е заклучокот на четворица екс-кошаркари од 4 различни земји од екс-Југославија.

Станува збор за Србинот Жарко Паспаљ (54), Хрватот, Дино Раџа (53), Босанецот, Мирза Телетовиќ (35) и Црногорецот, Владо Шчепановиќ (45).

Секој од овие четворица е за тоа дека во составот на „замислената“ селекција има место за дел од овие НБА играчи: Никола Јокиќ (Денвер), Богдан Богдановиќ (Аталанта), Лука Дончиќ (Далас), Горан Драгиќ (Мајами), Бојан Богдановиќ (Јута), Јусуф Нуркиќ (Портланд) и Никола Вучевиќ (Чикаго).

Паспаљ смета дека со ваков состав, таа селекција би освоила се.

„Моментно, има многу играчи од нашиве простори кои се многу квалитетни. Тоа се пред се играчи од НБА, но не смееме да ги занемариме и оние кои играат во Европа. Тоа би бил многу јак тим, никој не би можел да не добие, дури ни дрим-тимот“ смета Паспаљ.

Неговото мислење го дели и претседателот на КС на БиХ, Телетовиќ.

„Многу е тешко да се изберат петмината најдобри од овие простори. Би можеле рамноправно да се носиме со сите, со еден ваков состав“ вели тој.

Дино Раџа смета дека никогаш нема да дознаеме колку би бил силен овој состав.

„Ние имаме доста добри играчи, тоа би бил силен тим, иако е тешко да се прогнозира затоа што тоа никогаш нема да се случи“ вели хрватската кошаркарска легенда.

Најпесимистичен во прогнозите е Шчепановиќ.

„Сигурно би освоиле доста медали, но ниту во најсилниот состав не би моѓеле да се носиме со Американците, па пак би биле сребрени на Мундијалите и на Олимпијадите“ смета Црногорецот.

Share
Scroll to Top