Италијанските медиуми денеска пишуваат дека тренерот на Милан – Стефано Пиоли ќе добие отказ доколку „Росонерите“ не успеат да се пласираат меѓу четирите најдобри на табелата во Серија А што носи пласман во ЛШ.
Во моментов Милан е петтопласиран со 66 освоени бодови, колку што имаат и Наполи, односно Јувентус, но Милан има послаба гол разлика.
Во 2021-ва година просекот на бодови што Милан го освојуваше падна од 2.26 на 1.60.
„La Gazzetta dello Sport“ пишува дека хрватскиот тренер Иван Јуриќ кој е на кормилото на Верона е најсериозен кандидат за наследник на Пиоли. Наводно, се споменува и името на Масимилијано Алегри, но тој се поврзува и со клупата на Јувентус.