Репрезентацијата на Македонија се пласираше на ЕП 2022 во ракомет, откако ја победи Финска на гостти со резултат 22:27.
Во првото полувреме македонските ракометари губеа и со три гола, а на полувреме домаќините имаа предност од 14-12. Финскиот голман Росландер натпреварот го заврши со 20 одбрани. И на почетокот на вториот дел финските ракометари ја одржуваа предноста од два разлика, но од средината на полувремето, Македонија направи пресврт и на крајот победи со 5 гола разлика.
Лазаров и Кузмановски беа најефикасни со по пет голови, Томовски имаше седум одбрани, а Митревски четири.
Во недела од 18 часот македонската репрезентација ќе го игра последиот натпревар во квалификациите, во Секопје ќе игра против Швајцарија.