Канадското ГП е откажано, но Формула 1 ќе има 23 трки во 2021 година, откако ФИА потврди дека една од најомилените патеки на возачите, Истанбул парк повторно ќе се вози како Турско ГП.
Проблемите за трката во Монтреал доаѓаат од ограничувањата кои канадската влада ги воведе поради пандемијата на корона вирусот, и повторно како „џокер“ се уфрлува Турција, откако минатата година имавме вистински спектакл таму.
Откако врнеше дожд цела недела, новоасфалтираната подлога на патеката беше вистински тест за возачите и за болидите – Ленс Строл беше на пол-позицијата, додека светскиот шампион Луис Хамилтон се мачеше и покрај тоа што го имаше најсилниот болид. Се надеваме на слична трка.