Откако неодамна беше најавен новиот проект на хит серијата „Преспав“, на јутјуб беше промовирана првата епизода од кулинарското шоу „Кујната на Марио“. Актерот Васил Зафирчев, преку ликот на готвачот Марио во првата епизода покажа како се спрема рижото фунги. „Рецептот потиче од близината на Милано, или што би рекле, од Валандово, а состојци су свима познати“, вели Марио.
Првата епизода предизвика позитивни коменатри кај фановите на серијата. „Снашка конечно научила да готви“, се шегуваат тие .
Во петте сезони кои до сега ги имаше серијата, „Преспав“ успеа да се наметне како хит-серија и стана една од најуспешните домашните серии снимени досега. Новиот серијал, „Кујната на Марио“, ќи учи гледачите да готват, а на менито се 10 рецепти за превкусна храна со добро познати гости.