СЗО неделава одлучува дали ќе ги одобри кинеските вакцини

пред 4 години

Светската здравствена организација треба оваа недела да одлучи дали ќе одобри две кинески вакцини против Ковид-19 за итна употреба, изјави Марианџела Симао, помошник генерален директор за пристап до лекови, вакцини и фармацевтски производи во институцијата. Станува збор за вакцините на „Синофарм“ и на „Синовак“.

Таквото одобрување би значело дека кинеската вакцина за првпат е вклучена во списокот за итна употреба од здравствената агенција на Обединетите нации, наведува АП.

Симао вели дека треба да се направат уште некои последни аранжмани пред да се донесе клучниот збор на техничката советничка група на СЗО за вакцините на „Синофарм“ и на „Синовак“.

„Очекуваме да ги донесеме двете одлуки до крајот на неделава“, рече таа, додавајќи дека ја финализираат процената на вакцината на „Синофарм“, но дека некои документи сè уште недостасуваат.

СЗО наведува дека прво ќе донесе одлука за вакцината на „Синофарм“, а потоа и на „Синовак“.

„Знаеме дека одлуката на некои земји да продолжат со вакцинацијата зависи од ова (одобрување)“, рече Симао на прес-конференција.

Пред неколку дена, СЗО ја одобри вакцината на Модерна за лица над 18 години за итна употреба. Досега се одобрени вакцините на „Астразенека“, „Фајзер-Бионтек“ и на „Џонсон и Џонсон“.

 

Share
Scroll to Top