Малолетен пешак од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко моторно возило.
Според информации од министерството за внатрешни работи, вчера во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“ и ул.„362“ во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Надлежните информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.