Смути од боровница и путер од бадем - ужина на Новак Ѓоковиќ

Смути од боровница и путер од бадем – ужина на Новак Ѓоковиќ

пред 4 години

Новак Ѓоковиќ овие денови соборува нови рекорди, а еден од нив е влегувањето во 320. недела на врвот на листата на најдобрите светски тенисери на светот. Моментално од него подобро пласирани се само Штефи Граф и Мартина Навратилова, но нема сомнеж дека и нив ќе симне од тронот.

Кога станува збор за исхраната, тој е уверен дека правилната исхрана е исклучително важна, без разлика на тоа дали професионално се занимавате со спорт или не. Еве една едноставна и ефикасна ужина.

Смути од боровница и путер од бадем

Состојки за четири личности:

  • 2 шолји смрзнати боровници
  • 1 смрзната банана
  • 2 лажици путер од бадем
  • 1 шолја свеж спанаќ
  • 2 шолји незасладено бадемово млеко

Подготовката е едноставна. Во блендер ставете ги сите состојки и матете додека не добиете фина смеса. Сипете во четири чаши и веднаш послужете се.

 

Share
Scroll to Top