Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

пред 4 години

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа.

Најновата беше извршена само неколку часа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху објави нова, четврта војна со палестинскиот Хамас, која владее со појасот Газа.

Во 10-минутниот напад утрово беа погодени цели во поширокиот појас Газа, израелската авијациска операција траеше подолго од вчера, најсмртоносна досега во која беа убиени 42 Палестинци, а според извештајот на АП, утрово уште три високoкатници се срамнети со земја.

Израелската армија соопшти дека нападите биле извршени врз сомнителни живеалишта на девет команданти на Хамас низ цела Газа, но засега нема податоци за бројот на жртвите и материјалната штета.

Локалните медиуми објавија дека главните крајбрежни патишта во западните делови на градот, зградите на безбедносните служби, утрово исто така биле мета на израелски ракети и бомби, а локалната компанија за дистрибуција на електрична енергија соопшти дека е оштетен далекуводот од единствената централа за снабдувањето со електрична енергија на повеќето јужни делови.

Во вчерашното ТВ обраќање до нацијата, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на воздушните напади „со полна сила, до ново известување, бидејќи Израел има намера да му наплати на Хамас висока цена“, а исто така доби поддршка и од неговиот политички ривал, израелски Министерот за одбрана Бени Ганц.

Членовите на Хамас, исто така, продолжија да ракетираат населени места во Израел, лансирајќи ракети од станбени области на Газа.

Share
Scroll to Top