ЛА Лејкерс и покрај петтата последовна победа не успеаја да влезат во плеј-фот. Актуелните шампиони ќе разигруваат со Голден стејт Вориорс за место во плеј-офот и дуел со Финикс Санс во плеј-офот.
Лејкерси завршија на седмото место во Западната конференција, Вориорс се осми. Победникот ќе игра против вторпласираните Финикс Санс. Поразениот од овој дуел, за осмата позиција и дуел со Јута Џез во плеј-офот, ќе разигрува против победникот од дуелот помеѓу Мемфис Гризлис и Сан Антонио Спарс.
На истокот, за седмото место ќе играат Бостон Селтикс и Вашингтон Визардс. Поразениот за осмото место потоа ќе се бори против победникот од пресметката помеѓу Индијана Пејсерс и Шарлот Хорнетс.
Познато е дека на истокот во првата плеј-оф рунда ќе играат Њујорк Никс (4) и Атланта Хокс (5), односно Милвоки Бакс (3) и Мајами Хит (6). На западот познати се двојките Денвер (3)-Портланд (6) и ЛА Клиперс (4)-Далас (5).