Пред деветнаесет години ракометарките на „Ѓорче Петров“, ја израдуваа Македонија донесувајќи им ја првата европската титула. Незаборавната „Кометал шампионе“ кога салата „Кале“ крцаше до последно место и денес е приказна за која се зборува.
Во епското финале против Ференцварош Херц, кометалки славеа со 26:22 и ја надоместија предноста од два гола, откако претходно беа поразени со 27:25.
Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, Луминица Дину, Оксана Плочиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Ларса Ферзалиева, Ања Андрушенко, Наталија Малахова и Елена Златановска, го остварија до тогаш најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт.
Овој неверојатен состав освои пехар во Лига на шампиони, 17 пати стана шампион на Македонија, и освои 16 трофеи во Купот на нашата земја.