Ангеловски до Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт!

Ангеловски до Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт!

пред 3 години

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски по веста дека играчот од средниот ред во селекцијата – првотимецот на шпански Леванте, Енис Барди е позитивен на коронавирусот на социјалните мрежи упати поддршка.

Веднаш штом стигнал во Скопје, Барди бил подложен на ПЦР тест кој покажал дека е заразен со вирусот, па ќе мора да биде во изолација одреден период и ќе пропушти дел од подготовките со репрезентацијата кои започнуваат со првиот тренинг попладнево.

„Сите сме со тебе Енис Барди. Без тебе не тргнуваме за Букурешт“ – напиша селекторот Ангеловски на социјалните мрежи и прикачи фотографија на која се тој и креативецот кој е мајстор за слободни удари во нашата селекција.

Од сите репрезентативци кои вчера го имаа првиот собир, само Барди е позитивен на Ковид 19. Веднаш е ставен во изолација и ќе биде под постојан лекарски надзор.

Репрезентацијата на Македонија за Букурешт заминува на 8. Јуни, а претходно планирано е како подготовка да се одиграат два тест меча со Словенија и Казахстан во Скопје.

Прогнозите се дека Барди ќе биде подготвен за првиот предизвик на Македонија на ЕП.

Share
Scroll to Top