Секси трансформација: Кели Озборн изгуби 40 килограми

Секси трансформација: Кели Озборн изгуби 40 килограми

пред 4 години

Ќерката на  Ози Озборн (72), реалити sвездата Кели Озборн (36), се пофали со својот нов изглед на нејзините социјални мрежи откако изгуби 40 килограми.

Кели признава дека операцијата на стеснување на желудникот, која и била направена пред две години, ѝ помогнала да ослаби.

„Да, бев на операција. Не ми е гајле што ќе кажат другите! Го сторив тоа и горда сум“, рече Кели на еден подкаст пред година дена. Таа додаде дека никогаш нема да лаже за тоа, бидејќи тоа е најдоброто нешто што го направила досега.

Вели дека не сака луѓето да мислат дека само операцијата е одговорна за нејзината драстична промена. За операцијата да биде успешна, морала да тренира и да се храни правилно.

„Порано губев килограми за бидам прифатена од луѓето. Овој пат… не ослабев за никој друг освен за себе и се чувствувам одлично!“ – напиша таа во еден пост.

Кели вели дека луѓето почнале да забележуваат дека ослабела само откако можело да се забележи на нејзиното лице, што се случило по неколку инјекции, кои ѝ помогнале при болките во вилицата.

„Тоа промени сè на моето лице! Вилицата ми изгледаше потесна“, рече таа.

Иако Кели веќе подолго време се фали со својот нов изглед и витка фигура, нејзиниот последен пост на Инстаграм ги шокираше обожавателите. Тие велат дека не ја препознаваат и дека претерува со пластичната хирургија, по што е позната нејзината мајка Шерон Озборн (68).

„Што се случило со нејзиното лице?“ се прашуваа некои, додека други беа воодушевени од ефектот на операциите.

Во своите мемоари, Кели напиша дека отсекогаш имала проблеми со дебелината, и бидејќи изгледала како „мала кнедла“ не сакала да оди во теретана каде има само слаби луѓе.

„Пред операцијата морав да го сменам умот, а потоа и телото. Првото нешто што требаше да направам беше да станам среќна“, објасни таа како се фокусирала на промена на нејзиниот став и трезвеност.

Иако престана да пие, оваа година откри дека само еднаш се напила чаша шампањ во друштво, која набргу се развила во три шишиња шампањ на ден и околу 20 конзерви тврд селцер. Тогаш сфатила дека не држи сè под контрола и си ветила дека ќе се врати на трезвеноста.

„Јас сум зависник и мислев дека ќе бидам доволно трезна долго да пијам како нормална личност, но се чини дека не можам и никогаш нема да бидам нормална“, опиша Кели.

Share
Scroll to Top