Шефот на Ла лига најави дека Реал, Јувентус и Барса ќе бидат исфрлени од ЛШ?

Шефот на Ла лига најави дека Реал, Јувентус и Барса ќе бидат исфрлени од ЛШ?

пред 3 години

Барселона, Реал Мадрид и Јувентус ќе добијат суспензија од Лигата на шампионите оваа недела, тврдат италијанските медиуми, откако шефот на Ла лига и член на Извршниот комитет на УЕФА, Хавиер Тебас најави дека трите клуба кои одбиваат да се откажат од Европската Суперлига треба да бидат „исплашени“ од УЕФА.

Иако проектот на Суперлигата со 12-те најмоќни клубови во Европа се распадна за помалку од 48 часа, Реал, Барса и Јувентус остануваат посветени на проектот и покрај заканите од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Тие тврдат дека имаат право да формираат ново натпреварување без одобрување од УЕФА и ФИФА и најавуваат долги судски процеси пред европските судови за спречување на монополската позиција на УЕФА.

Преостанатите девет клуба – Милан, Интер, Атлетико Мадрид, Арсенал, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Челси и Манчестер сити, официјално се повлекоа од организацијата, по што добија минорни финансиски казни, кои ќе одат во развојот на фудбалот во Европа.

„Тие што треба да се исплашени се Реал Мадри, Барселона и Јувентус. Не сакам да замислувам Лига на шампиони без нив, но тоа може да се случи. Покрај тоа, УЕФА може да реши да не ги регистрира во лигите. Тие се тие што треба да се плашат“, изјави Тебас за „ЕСПН“.

Италијанскиот весник „Ла република“, вели дека ова е сигнал дека трите клуба ќе добијат барем едногодишна суспензија од европскиот фудбал.

Share
Scroll to Top