Менаџерот на Челси, Томас Тухел, се уште не го потпишал новиот договор, но успеал да ја состави трансфер-листата. Германецот по освојувањето на Лигата на шампионите, добил „одврзани раце“ од клубот да направи реконструкција на екипата. Според англиските медиуми Тухел отпишал 11 фудбалери.
Челси во летниот преоден рок планира да ангажира најмалку тројца нови фудбалери. Клубот сигурно ќе го напуштат Фикајо Томори, чии договор ќе го откупи Милан, потоа Рос Баркли, кој беше на позајмица во Астон Вила, односно Оливие Жиру и Тами Ејбрахам.
На „Стенфорд Бриџ“ нема да се вратат ниту играчите кои сезоната ја минаа на позајмици во други клубови: Рубен Лофтус-Чик, Давиде Запакоста и Темуе Бакајоко, односно левиот бек Емерсон Палмиери.
Англичаните пишуваат дека доколку клубот добие добра понуда за кристијан Пулишиќ, тогаш и тој ќе добие дозвола да замине од Лондон.
Тухел нема да смета и на младите Били Гилмор и Конор Галагер, но овие двајца нема да бидат продадени, туку ќе бидат испратени на позајмици. Тухел сметал дека проади младоста, Гилмор и Галагар можат да напредуваат.
Пред неколку дена се појави информацијата дека газдата на Челси, Роман Абрамович, во летниот преоден рок на засилувања ќе потроши 200 милиони фунти.