Раџа: Кога ќе започнат споредбите Џордан-Леброн мене ми се повраќа

Раџа: Кога ќе започнат споредбите Џордан-Леброн мене ми се повраќа

пред 4 години

Легендата на хрватската кошарка Дино Раџа, не сака да дебатира на темата, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс, која е актуелна во кошаркарските кругови, во последните неколку години.

Раџа смета дека Леброн никогаш нема да биде пред Џордан. Според него и Коби Брајант е далеку пред најголемата ѕвезда, од актуелниот тим на ЛА Лејкерс.

„Кога ќе започнат споредбите, Леброн или Џордан, мене ми се повраќа. Синот ме убедува дека Леброн е подобар, додека јас сметам дека не треба да се прават такви споредби. Доколку играше пред 20 години, Леброн не бо можел да постигне пола од ова. Денес, кога Леброн ќе влезе во рекетот сите му се тргаат, а Џордан го убиваа од ќотек и сепак доминираше. Пред Леброн е и Коби Брајант. Го почитувам Леброн но Коби е подобар“, рекол Раџа.

Share
Scroll to Top