Хрватите Мате Павиќ и Никола Мектиќ, најдобриот дубл во тенисот, нема да играат на Ролан Гарос.
Павиќ и Мектиќ, од почетокот на сезоната победија на три турнири од Мастер серијата 1000. Две од тие три победи беа на земјана подлога, на Местерс турнирите во Монте Карло и Рим.
Еден од овие двајца бил позитивен на коронавирусот, поради што морале да го откажат настапот во Париз.
Организаторот објави дека на местото на Павиќ и Мектиќ, од 1.коло ќе настапи шпанската двојка Андухар-Мартинез.