Фејсбук го суспендира Трамп на две години

пред 3 години

Фејсбук одлучи да суспендира профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за две години, барем до јануари 2023 година.

Двегодишната суспензија е на сила од првичниот датум кога на Трамп му беше забранет пристапот до Фејсбук, на 7 јануари годинава и ќе се укине доколку се намали ризикот за јавната безбедност, објави Фејсбук во блогот, пренесува АП.

Во мај, надзорниот одбор на Фејсбук поддржа суспендирање на профилот на Трамп, воведено по немирите во Капитол на 6 јануари, од страв дека тогашниот претседател со своите коментари поттикнал насилство во американскиот Конгрес, но исто така заклучил дека одлуката за суспендирање на неодредено време е погрешно и и даде на компанијата шест месеци да утврди нова, соодветна мерка.

Share
Scroll to Top