Португалецот Мигуел Оливеира (КТМ) ја искорити нестабилната трка на освојувачот на последните пет пол-позици и лидер во генерален пласман, Фабио Квартараро да стигне до фантастична победа на Каталонското ГП пред 20 илјади гледачи, додека осумкратниот шампион Марк Маркез на својата домашна патека повторно падна, за првпат во кариерата да не заврши трки трки едноподруго.
Французинот Квартраро (Јамаха) имаше многу лош старт на трката, дозволувајќи Џек Милер да излезе на првото место, но потоа се врати во борбата за подиум. Оливеира ги искористи грешките на Милер за да избие на првото место, а потоа дојде под напад на Квартраро, но тој повторно направи грешка и падна на третото место, кое едвај успеа да го заддржи во борба со Милер.
Жоан Зарко го освои второто место за да остане на второто место во генерален пласман, додека Квартараро, иако целта ја помина како трет по тешката битка со Џек Милер, доби казна од 3 секунди за „кратење“ на патеката, и на крајот падна на четвртото место.
Квартараро останува прв во генерален пласман со 117 поен, Зарко е втор со 101, пред Милер (90).
Маркез, кој се врати оваа сезона по долгата пауза по трите операции на рамото, повторно не успеа да ја заврши трката, а исто така во аут беше и Валентино Роси.
? LIGHTS OUT IN BARCELONA! ?
19,352 #MotoGP fans on their feet as @jackmilleraus grabs the lead! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/sna4g7NNgT
— MotoGP™? (@MotoGP) June 6, 2021
? @FabioQ20 is also looking untidy!
The pole man is down to fifth! ✊#CatalanGP ? pic.twitter.com/RkA2DmftTj
— MotoGP™? (@MotoGP) June 6, 2021
Third consecutive DNF for @marcmarquez93! ?
A #MotoGP first for the eight-times champion! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/DdpCPzlpgT
— MotoGP™? (@MotoGP) June 6, 2021