Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос првпат во неговата кариера, откако во фантастичен меч со 6:4/6:1/6:1 го совлада младиот Шпанец Алехандро Давидович Фокина.
Ова е само третпат Германецот да влезе во полуфинале на еден гренд слем, откако лани загуби од Доминик Тим прво во полуфиналето на Австралија опен, а потоа и во финалето на САД опен. Следен негов противник ќе биде подобриот од дуелот на двајца тенисери од „новата генерација“, Стефанос Циципас и Данил Медведев.
По двата маратонски меча во претходните две кола, Давидович Фокина едноставно немаше сила за отпор освен во првиот сет, а беше очигледна и неговата фрустрација со слабата игра откако неколку пати го кршеше својот рекет.