Арми Хамер се пријави на рехабилитација откако го обвинија за сексуален канибализам

Арми Хамер се пријави на рехабилитација откако го обвинија за сексуален канибализам

пред 3 години

Глумецот Арми Хамер сам се пријавил во клиника за рехабилитација за лечење од зависности, откако неколку жени го обвинија за сексуален канибализам и злоставување. Тој ги напуштил Кајманските Острови, каде што живееше голем дел од минатата година и сега во САД ќе се лекување од дрога, алкохол и секс.

Според „Венити фер“, глумецот е во болница на Флорида од 31 мај.

Арми има поддршка од сопругата Елизабет Чемберс, со која се раздели лани летото, но и од семејството на поранешна сопруга и нивните деца Харпер (6) и Форд (4), кои биле со него кога се вратил во САД. Семеен пријател за списанието изјавил дека актерот е посветен на заздравување и старателство над своите деца.

За потсетување, холивудскиот глумец беше обвинет за сексуален канибализам кога во јавноста се појавија пораки што наводно ѝ ги испраќал на една жена.

„Јас сум 100 проценти канибал. Сакам да те изедам“, гласи една од пораките. Во друга размена на пораки пишува: „Морам да ја испијам твојата крв“ и „Ќе бидам многу лош со тебе“. Тој ѝ се обраќа на жената со робинка, па ѝ вели дека сака да ѝ го отсече ножниот прст, но вели и дека сака да доминира над неа. „Ти живееш само за да ми се покориш и да бидеш моја робинка. Би ти исекол ножен прст и би го чувал во џебот, така што секогаш ќе имам дел од тебе во своја сопственост“, пишува во една од пораките.

По контроверзиите, Хамер се повлече од филмот Shotgun Wedding.

Share
Scroll to Top