Времето лета и ни се приближуваат топлите денови во кои ќе уживаме на плажа. Но, ако сè уште не сте спремни, не се грижете. Постојат моќни вежби со кои ќе успеете да го пребликувате своето тело и да го затегнете. Поентата е во тоа да бидете редовни, да останете мотивирани, и покрај фитнес рутините, да се погрижете и за својата исхрана, хидрација и расположение.
Кога сето тоа ќе го заокружите, ќе бидете на вистинскиот пат да ја постигнете телесната форма која ја посакувате и да бидете задоволни од себе. Можеби во моментов ви звучи како далечна цел, но верувајте, со малку труд, ќе остварите фантастични резултати.
Пленк
Поткренете ги рацете и колената, а потоа истегнете ги нозете. Со лактовите и ножните прсти поткренете го своето тело.
Истегнете ги стомачните мускули и повлечете ги нозете неколку сантиметри спрема горе, една по една.
Целта е да издржите цела минута во оваа положба. Грбот држете го исправено и не се виткајте.
30-60-90 за нозе и стомачни
Лежете на грб со рацете под главата.
Поткренете ги нозете под агол од 30 степени без виткање. Напните ги стомачните мускули, но немојте да се виткајте во струкот. Во оваа положба вдишете длабоко три пати.
Зголемете го аголот на 60 степени. Останете вака, вдишете уште три пати длабоко, а потоа повторно зголемете го аголот на 90 степени. Не заборавајте да го израмните струкот.
Кобра – за јакнење на задникот и грбот
Легнете на грб и исправете ги стапалата. Свиткајте ги рацете во лактовите, па исправете ги рацете под рамен агол.
Вдишувајќи, внимателно свиткајте се во струкот и поткренете го трупот држејќи ја главата поткрената. Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа спуштете го телото додека издишувате.
Вежба скакулец – за задникот и колковите
Легнете на стомак, ставете ја и брадата на подот. Ставете ги рацете рамно покрај себе.
Испружете ги нозете и стапалата колку што можете.
Повторете ја оваа вежба десет пати, со паузи.
Свеќа
Класичната свеќа е доста моќна вежба која треба да ја повторувате при секој тренинг. Бидете во оваа положба 30-60 секунди, а потоа одморете се, па повторно повторете ја вежбата.