За фудбалската репрезентација на Португалија еврпскиот шампионат се уште не е започнат, а веќе мораат да испратат еден фудбалер во карантин – коронавирусот влезе во селекцијата.
Бекот на Манчестер Сити, Жоао Кансело е позитивен на Ковид 19 и мора да се изолира од колегите од националниот тим.
На неговата позиција ќе настапи дефанзивецот на Манчестер Јунајтед кој минатата сезона ја помина на позајмица во Милан – Диаго Далот.
Сите останати фудбалери на Португалија се тестираа и имаат негативни наоди.
Првиот меч на ЕП за Португалија е во вторник од 18 часот, против Унгарија.