Ливерпул ќе го зголемува капацитетот на „Енфилд“

Ливерпул ќе го зголемува капацитетот на „Енфилд“

пред 3 години

Ливерпул доби зелено светло од градските власти – ќе се проширува стадионот „Енфилд“. Со зголемувањето на капацитетот се очекува 7.000 столчиња повеќе да има во домот на „црвените“, а со тоа максималниот капацитет на стадионот ќе порасне на 61.000.

За реконструкцијата на стадионот планирано е да се потрошат 70 милиони евра, а плановите се таа да започне во 2023 година и да трае 18 месеци.

„Ова е голема пресвртница на нашиот пат ко доведување што поголем број гледачи на `Енфилд`“ порача директорот на Ливерпул – Енди Хјус.

Share
Scroll to Top