ФИФА бара технологија за автоматско одредување на офсајд

ФИФА бара технологија за автоматско одредување на офсајд

пред 3 години

По низата ВАР контроверзи околу офсајди кои очигледно не беа тоа, ФИФА бара компанија која би развила сигурен и автоматски метод за утврдување на офсајд ситуациите, за разлика од сегашните ВАР техники со линии и субјективна оценка.

Засега, три компании се пријавија на барањето на ФИФА за да се смени начинот на одредувањето на офсајд ситуациите, првично со користење на база на податоци на досудени офсајди во минатото.

„Целта на оваа развојна фаза е да се подобрат алгоритмите на системот со бази на податоци од стотици офсајд ситуации“, објави ФИФА.

Ова е само дел од поголемиот план на Светската фудбалска федерација за подобрување на ВАР системот пред Светското првенство во 2022, а исто така ФИФА разгледува можности за „ВАР-лајт“ верзија на системот кој би бил поефтин од сегашниот и би можел да се користи и во помалку развиените земји.

Share
Scroll to Top