Рубљов е единствениот носител во полуфиналето во Хале

Рубљов е единствениот носител во полуфиналето во Хале

пред 3 години

Андреј Рубљов влезе во полуфиналето на подготвителниот турнир за Вимблдон во Хале, Германија, победувајќи го домашниот фаворит и шампион од 2011, Филип Колшрајбер со 7:6(4)/6:2.

23-годишниот Рубљов  е единствен носител на турнирот на трева по поразите на Роџер Федерер и Данил Медведев, и ова е фантастично шесто полуфинале во 2021 за Русинот.

„Првпат сум во полуфиналето, но не беше лесно. Мислам дека во вториот сет тој падна ментално и го искористив тоа“, вели Рубљов.

Во полуфиналето тој ќе игра со Грузиецот Николоз Басилашвили, кој со 6:4/7:6(5) го победи Јужноафриканецот Лојд Херис. Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим по победата над Роџер Федерер, стигна и до полуфиналето со 6:3/6:2 победа над Американецот Маркос Џирон и во второто полуфинале ќе игра со Французинот Иго Умбер, кој во најтесниот меч со 6:2/6:7(5)/6:4 го совлада Американецот Себастијан Корда.

Share
Scroll to Top