Аргетнина ја забележа првата победа на Копа Америка. Во дербито на второто коло, Аргентина со 1:0 го порази Уругвај.
За разлика од првиот меч, кога против Чиле одиграа 1:1, Аргентинците не дозволија изненадување против Уругвај. Одигра фуриозно во првите 15 минути, кога постигнаа единствениот гол. Потоа добро ги затворија приодите кон својот гол, не ум дозволија на Уругвајците да упатат удар кон голот на Мартинез.
Победникот го реши Гвидо Родригез во 14.минута, откако неколку минути претходно Нико Гонзалес промаши голема шанса за Аргентина.
Минимална победа, со гол постигнат во раната фаза, забележа Чиле над Боливија. Голот кој го реши победникот го постигна Беретон во 10.минута.